Гостиварец остана без девизи и накит вреден над 60.000 евра

Девизи и златен накит вредни повеќе од 61 илјадa евра се украдени вчера од домот на жител на гостиварското село Градец, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, вештиот крадец вчера насилно отворил прозорец од домот на С.Ш. (67) ги пребарал собите и потоа зел 1.700 евра и златен накит вреден околу 60.000 евра.

Полицијата е во потрага по крадецот, кој успеал незабележано да избега во непознат правец.