Гостиварец приведен поради напад на мајката

Во петкот утрото околу 7 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 35-годишниот гостиварец А.С..

Тој околу 7 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 58-годишна мајка.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.