Гостиварец со кокаин уапсен на бензинска

Маж на возраст од 33-години од гостиварско Неготино бил уапсен во близина на бензинска пумпа во тетовското село Жеровјане.

На 21.08.2019 година околу 02.15 часот во близина на бензинска пумпа во тетовското село Жеровјане полициски службеници од слобода го лишиле Д.Ш.(33) од село Неготино.

При преглед кај него бил пронајден кокаин. По целосно расчистување на случајот, против Д.Ш. ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштуваат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.