Говорот на Трамп на републиканската конвенција може да биде од Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека говорот на конвенцијата на Републиканската партија на којашто треба да биде потврден како кандидат за претседателските избори на 3-ти ноември, би можело да го одржи преку во живо со видео пренос од Белата куќа.

„Размислуваме за тоа како тоа да го сториме од Белата куќа. Тоа е наједноставното решение и далеку најефтиното за земјата. Веројатно говорот ќе го одржам во живо од Белата куќа“, рече Трамп во разговорот за телевизиската мрежа Fox News.

Американскиот претседател рече дека, сепак, ова сѐ уште не е дефинитинва одлука.

Ширењето на коронавирусот во САД ги изремети плановите на Републиканската партија за конценцијата, којашто првично требаше да се одржи во Шарлот, во сојузната држава Северна Каролина.

Конвецијата веќе беше преместена од Северна Каролина на Флорида, поради ограничувањата за собирите поради епидемијата, но зголемувањето на бројот на случаите на заразите со коронавирусот и на Флорида, ги поттикан републиканците да се откажат од овој собир.

Во јуло Трамп потврди дека конвенцијата нема да се одржи во Џексонвил на Флорида поради скокот на бројот на случаите на зараза со коронавирусот во оваа сојузна држава.