ГП „Богородица“ е затворен, патниците се пренасочуваат на ГП Дојран

Граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница попладнево е затворен  за премин на туристите, заради пожарот кој избувна во близина на казиното Фламинго, информираат од Авто – мото сојуз на Македонија.

Границата е затворена и од двете страни веќе неколку часа, се додека траат операциите на пожарникарите за отстранување на опасноста.

Сообраќајот награничниот премин  Богородица е во прекин и истиот се пренасочува на г.п Дојран.

Пожарот поради ветрот се движеше кон границата со Грција, поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

Според последните информации, огнот во делот во близина на ГП „Богородица“ е изгаснат.