Граѓани ќе блокираат патишта за да ги спречат Бугарите да стигнат во Скопје

Граѓани на социјалните мрежи организираат блокади на патиштата со цел да ги спречат бугарските државјани, кои најавија дека доаѓаат во Скопје на 4 февруари за одбележување на годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.

Освен најави за „ноќна стража“ од 3 февруари пред црквата Свети Спас, каде што се наоѓа гробот на Делчев, во повик кој се шири на Фејсбук се повикува и на блокада на патиштата.

Народот се организира на социјалните мрежи: Бугарите нема да стигнат ниту до кумановска патарина – со трактори ќе се блокира патот.

„Кумановци повикуваат на блокада на патарината кон Скопје за да не се дозволи бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев, наведено е во статус на Фејсбук, кој масовно се споделува во изминативе денови.

Од МВР најавија дека ќе го обезбедуваат одбележувањето на раѓањето на Делчев, а на седница на Советот за безбедност беше оценето дека станува збор за настан со висок ризик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.