Граѓани и компании за даноци должат 163 милиони евра

ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со долг од 252 милиони денари, ЈП за стопанискување со спротски објекти во сопственост на Р.М. со долг од 51 милион денари, ЈП Македонска радиодифузија должи 25 милиони денари, Македонска радио телевизија со долг од 18 милиони денари, се налистата на должници на Управата за јавни приходи (УЈП).

На листата на должници се најдоа и голем број општини и јавни претпријатија, компании граѓани, вкупно 2.006. Од нив 8.211 се правни лица, додека 2.527 физички лица.

Тие должат 10.039.498.849 денари или околу 163 милиони евра. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.879.654.735 денари, додека долгот за царински давачки е 159.844.114 денари.

На врвот на листата се ТЕ-ТО со вкупен долг од 1,1 милијарда денари, „Ел дон кастилло ангел“ со вкупен долг од 468 милиони денари, „Индустрија ел азтека“ со вкупен долг од 467,6 милиони денари, „Мотор коач индустрија“ со вкупен долг од 467,5 милиони денари и „МЛ Глобал италу“ со вкупен долг од 265,5 милиони денари.

Новата листа на должници е за долгови доспеани до 31.08.2019 и неплатени до 30.11.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.