Граѓаните бесни – Ова веќе бурлески стана, се обезличи и народ и држава!

Премиерот Зоран Заев денеска преку својот профил на Фејсбук изрази жалење што неговото интервју за бугарскиот медиум предизвикало толку силни негативни емоции.

„Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги знам и разбирам до детал.

Но, во исто време имам обврска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение на прашањата што се отворија со Република Бугарија и што станаа пречка за одобрување на рамката за преговори со Европската Унија.

И двата народа, и Македонците и Бугарите, треба да се соочиме со тие прашања од историјата и да развиеме и одржиме капацитет за разбирање и за простување“, меѓу другото напиша Заев.

Неговото „просветлување“ за тоа што кажал, не го поштеди од бројни негативни коментари по неговата објава.

Дел од нив ви пренесуваме: