Граѓаните му доверија на ВМРО ДПМНЕ 40 градоначалници, тоа мора да се оправда

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ веднаш започнаа со работа посветено, одговорно, наместо да се изгубат во своите кабинети, секојдневно ги гледаме на терен, помеѓу граѓаните работат, се трудат, помагаат, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, потенцирајќи дека граѓаните и дадоа доверба на партијата со освоените над 40 градоначалници и тоа мора да се оправда.

– Добивме над 40 градоначалници, тоа е сериозна бројка проследена од довербата на граѓаните која ни ја дадоа заради работењето и чесните и искрени намери.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ одлично си ја работат својата работа и буквално почнаа со реализација на проектите кои ги имаа зацртано во својата програма. Нормално се погоди на крај на тековната година и потешкотии во работењето создаваат истрошените буџети, но кога се сака се може и се наоѓаат начини да функционираат општините и да се излезе во пресрет на граѓаните, рече Арсовски.

Тој нагласи дека веќе од следната година ќе се реализираат вистинските проекти кои ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците ги зацртаа во програмите за да може да им се помогне на граѓаните.

Во однос на работата на Град Скопје, тој посочи дека тој е покомплексен од обична општина, во чиј склоп се и други 10 општини, но и таму прилично добро се почна со работа и функционирање. Арсовски одговори и за критиките за бесплатниот јавен превоз нагласувајќи дека истиот ќе биде реализиран.

– Многу работи изгледаа невозможни според нашите опоненти од СДСМ како и победатана избори, но испадна дека многу работи се возможни. Со добра работа и посветеност се е возможно.

Во однос на бесплатниот превоз, верувам дека градоначалничката Арсовска како што ја исцртала траекторијата дека ќе ја оствари.