Граѓаните не мора да одат да потпишуваат договори за парно, ЕСМ ќе им ги прати по пошта

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски посочи дека нема потреба граѓаните да одат на пунктовите на ЕСМ да потпишуваат договори за парно.

Според Бислимовски, нема потреба да се создаваат гужви на пунктовите, а оваа реакција следи откако граѓаните денеска во редици чекаа за да потпишат нов договор со новиот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Снабдување со топлина.

„Нема опасност некој да биде исклучен. Тие што немаат потпишано договори, ќе им пристигнат во поштенски сандачиња заедно со сметките за парно. Тоа е вообичаена работа да се потпишат нови договори. ЕСМ има таква обврска, сепак граѓаните треба да знаат дека нема да бидат исклучени“, кажа Бислимовски на гостувањето во „Сител“.