Граѓаните од ЕУ го напуштиле Стразбур разочарани од реакцијата на политичарите

Во Стразбур, каде што е сместен Европскиот парламент, допатуваат 80 граѓани од земјите членки мислејќи дека со своите идеи ќе ја направата Европската унија подобро место за живеење, но во саботата од парламентот излегоа убедени дека полтичарите воопшто не ги слушале.

Греѓаните во парламентот дојдоа за на палитичарите од националните парламенти и на европските инсституции да им го претстават сижето од расправите како што се миграциите, здравството, економијата и заштитата на природната срединат. За тие теми 800 по случаен избор одредени 800 граѓани воеда меѓусебна дискустија на истото место во текот на септември и октоммври.

Граѓаните, импресионирани од гломазната стаклена зграда на Евроспкиот парламент, пристигнаа во Стразбур во петокот и им било објаснето дека нивни 20 претставници ќе имаат две минути да го изнесат заклучокот.

Италијанските граѓани пристигнати во Стразбур се желеле до организаторот, а незадоволството јавно го изразија и Холаншаните и Ирците.

„Граѓаните силно се разочараа и ја критикуваа целата седница“, изјави холандскиот новинар Симон Тромел.

Во петокот, во текот на затворените работни состаниоци со цел да се подготви главната седница, политичарите го пречеклорувале времето добиено за обраќање.

„На граѓаните едностани не им беше дадено доволно време. Чувствуваат дека не се сфаќаат сериозно“, истакнува Тромел/

Во саботата, пак, политичарите кусо се обраќале во парламентот, без да влезат во расправа по ниедна тема. Во главната просторија предидена за расправата е истакнат написот „Иднината е во твоите раце“, но присутните граѓани се сомневаат во вистинитоста на оваа парола.

„Ова не беше тоа што граѓаните го очекувале“, коментриаше италијанската новинарка Сара Нумико.

Некои политичари ја напуштиле пленарната седница пред крајот, некои веднаш откако ја одработели својата минута или две, што граѓаните го сметаат за одраз на непочитување.

Околу 70 отсто од граѓаните на Европската унија во август изјавила дека не се задоволни со начинот на кој Унијата во моментов функционира, покажува акетата на агенцијата за истражување на пазарите Ipsos.

Граѓаните ширум ЕУ чувствуваат дека немаат влијание врз донесувње на одлуките, поради што расте евроскептицизмот во земјите членки, па трите централни иституции: Европската комисија, Советот на ЕУ и Европскиот парламент, покренаа серија дискусии под називот Конференија за иднината на Европа, з аграѓаните да ги изнесат своите коментари и предлози. Граѓаните во рамките на оваа конференија беа повикани во Стразбур каде што им беа платени престојот и превозот.

„Идниот пат, на идната пленарна седница, ќе има многу повеќе време и простор за граѓаните да ги претстават и изнесат своите препораки“, изјави европратеникот Ги Верхофштад, еден од домаќините на конференциајта, одговарајќи на новинарските прашања.

Истите граѓани се повикани на нова пленарна седница во декември, а истиот месец ќе ги обликуваат своите препораци во документ и ќе го испратат до Европската комисија.

„Тогаш ќе ни кажат што точно имаат подготвено, па ќе дискутираме за тоа“, додаде Верховштад.

Потпретседателката на Европската комисија задолжена за демократија и демографија Дубравка Шуица порача претходо во октомври дека предлозите на граѓаните ќе бидат внесени во креирањето политиките на ЕУ по пролетта 2022 година.

„Примивме многу критики, но имајќи предвид дека иднината е отворена, ние во институциите мораме да се подготвиме за претстојните настани“, изјави словенечкиот секретар во министерството за надвоешни работи Гашпер Довжан во улога на организатор на конференцијата пред Советот на ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.