26 C
Skopje
сабота, август 8, 2020

Граѓаните прашуваат: Дали градоначалникот на Гази Баба ќе плати глоба за прекршување на полицискиот час?

161

Откако вчера доцната во ноќта во скопската населба Ченто полицијата приведе три лица кои што не го почитувале полицискиот час, граѓаните бурно реагираат прашувајќи дали законите не важат само за членови и функционери на СДСМ.

Имено, според информациите, советник во општина Гази Баба од редовите на СДСМ, Берат Вејсел, заедно со свои пријатели среде полициски час ваделе легнат полицаец, по што морало да интервенира и полицијата.

Од објавените снимки може да се забележи голем број на симпатизери и членови на владејачката СДСМ излегле на сред улица прекршувајќи го полицискиот час во знак на поддршка за уапсените лица, а меѓу нив и градоначалникот на Гази Баба од СДСМ, Борче Георгиевск,и каде што ги убедуваше граѓаните дека тој лично ќе ги ослободи приведените лица.

„Во ред е соберете се, ќе го викнам началникот. Ќе идам до станица, ќе ги земам, ќе се вратам со началникот. Значи имате од мене збор“, вели Георгиевски во разговор со дел од групата која што протестираше вчера на сред улиците.

Повеќе од јасно е дека голем број на граѓани вчера го прекршиле полицискиот час и ќе мора да платат глоба од 2000 евра, но симптоматично од целиот настан е дали скопскиот градоначалник Борче Георгиевски имал дозвола за движење за време на полицискиот час и во кое својство тој може да ги ослободи приведени лица кои што јасно го кршат законот?

Останува да се провери дали сепак реакциите и револтот од страна на јавноста е оправдано, односно дали навистина законите и правилата не важат единствено само за високите функционери на владејачката СДСМ?!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.