Граѓаните сепак не го забележуваат поевтинувањето

По субвенционирана цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час за компаниите од прехранбената индустрија, веќе одредени пекари и млекари ја намалија цената на лебот и млекото. Владата очекува во идниот период и останатите пекари, млечната и месната индустрија тоа да го сторат. По извршените  стотина контроли низ  Македонија и констатирано е дека веќе има пониски цени.

Но граѓаните реагираат дека на полиците во супермаркетите и не се забележува некое значително поевтинување. Млекото е околу 80 денари за литар, брашното од 40 до 50 денари, 10 јајца чинат 100 денари, а литар масло во зависност од производителот чини околу 115 денари, пишува Вечер.

Според последните пресметки на статистика, ноемвриската инфлација достигна 19,5 проценти. Лебот млекото сирењето и јајцата се поскапи за речи си 40% од лани. Месото и маслото имаат раст на цените од над 30 отсто.

Синдикалната кошничка сега достигна 850 евра,а лани во истиот период беше 550 евра.Тие пресметаа дека за да се преживее месецот на едно просечно семејство во ноември му требале најмалку 850 евра.