Граѓаните вриштат, властите се уште глуви: Скопјани искасани од кучиња скитници- никој не реагира

53

Искасани граѓани станаа секојдневна слика во главниот град во Македонија, но никој не реагира да го реши овој проблем. Скопје е преплавено со кучиња скитници, а граѓаните се преплашени.

Нема ден, полицискиот билтен да не бележи пријавени случаи од граѓани каснати од кучиња скитници.

Во текот на вчерашниот ден има 3 случаи.

Во 11.00 часот во СВР Скопје, Р.П.(66) од Скопје пријавила дека на ул.„Разловечко востание“ била касната од куче скитник.

Исто така вчера во СВР Скопје, И.С.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Пат за Китка“ бил каснат од куче скитник.

И Г.И.(46) од Скопје вчера пријавила во СВР Скопје дека на ул.„Франц Прешерн“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Еден од главните проблеми на Градот Скопје е со кучињата скитници, а властите се уште нема решение за ова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.