Граѓаните затекнати во Словенија тргнаа дома за Македонија

Нашите граѓаните кои поради коронавирусот беа затекнати и заглавени во Словенија, утрово го продолжија патот за Македонија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Се работи за вкупно 42 лица, а најголем дел од нив доаѓаат од Италија и Германија. Се очекува во текот на денот да пристигнат во Македонија, по што ќе треба да бидат сместени во државен карантин.

Во решавањето на целата ситуација директно беше вклучена и Амбасадата на Македонија во Словенија.