Утре, недела 8-ми мај 2022, во 11 часот ќе се одржи мирен протест на родителите и учениците од Основното училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец, во скопската општина Центар, против одлуката на училишното раководство да го оттуѓи игралиштето за кафуле.
„Ние, родителите на ОО ‘Киро Глигоров’ Капиштец ве известуваме и воедно ги покануваме медиумите на 8- ми мај 2022 во 11:00 часот во училишното игралиште да присуствувате на протестот што го организираме против комерцијалното отуѓување на игралиштето.
При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите“.
Со ваквата назаконски донесена одлука и ништовен договор, им се одзема на децата од Капиштец она што на политичките изборни кампањи им беше ветувано: школо и школско игралиште во коешто безбедно и безгрижно ќе ги поминат детските училишни денови.
БАРАМЕ:
- Итно стопирање на градежните активности
- Раскинување на договорот (којшто веќе е правно ништовен)
- Враќање на игралиштето во првобитната состојба и на слободно располагање на децата.
- Да се преиспита законската регулатива којашто го уредува комерцијалното работење на училиштата со цел да се ограничат комерцијалните активности истите да се организираат единствено и само во интерес на учениците на школото, стои во дописот до медиумите.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.