Грабеж во Дубровник, украдени пари од аеродромот

22

Во Дубровник утрово се случи голем грабеж кога вооружени лица украле пари кои ги пренесувале чуварите од аеродромот.

Околу 7 часот и 30 минути, двајца мажи на мотори ги пресретнале луѓето кои ги обезбедувале парите од викендот.

Како што пренесува Дубровнички дневник, станува збор за пари од аеродромскиот Фри шоп.

Дубровничко-неретванската полициска управа го потврди настанот, напоменувајќи дека е во тек увид.

На овој случај работат речиси сите полицајци од Полициската управа, а на аеродромот има засилено обезбедување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.