Грабнати 14 ирански војници на границата со Пакистан

123

Четиринаесет припадници на иранските безбедносни сили, меѓу кои и припадници на елитната Револуционерна гарда, се грабнати во вторникот на границата со Пакистан, соопшти службената новинска агенција IRNA повикувајќи се на функционер според кој грабнувачите се членови на терористичка група/

Вооружените сепаратистички групации на малцинството сунитски муслимани во доминантно шиитскиот Иран, поддржани од САД и Израел, како и од арапските сунитски монархии на Блискиот исток, последните месеци ги зајакнаа нападите врз иранските безбедносни сили.

„Овие 14 припадницна базиј (пограничната полиција) се грабнати од терорстите на граничниот премин Мирињах, во покраината Систан – Балучестан, околу 4 и 5 часот утрото по локално време“, пренесува агенцијата повикувајќи се на неименуван фунцкионер.

Официјално досега нема коментари од иранските власи за овој инцидент. Местото Лулакдан во чијашто близина се случил нападот, се наоѓа во руралниот округ Пошткух, во центарлниот округ од градот Кап, во Систан во Балучестан. Нападите од терористите и криумчарски групи на дроги се случуваат во мозински сунистката прокраина.

Во септември припаднции на Револуционерната гарда убија четворица сунитски милитанти на граничниот премин со Пакистан, вклучително и еден од командантите на групата Џаиш ал-Адл, којашто изврши неколку напади врз ирански воени цели изминатите години.

Иран одамна предупредува дека милитантните џихадистички групи имаат свои засолништа во Пакистан, како и дека ќе ги нападне таму доколку Исламабад не преземе ништо против нив.

Во Балучистан, кој е истовремено и најнаселената и најмалата покраина во Пакистан, дејствуваат и многу радикални исламистички групи, вклучувајќи ја и глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, секташки екстремни организации, како и локални сепаратисти кои бараат независност.

Покраината Белучистан која излегува на Арапското Море, е богата со гас, нафта и минерали, но сепак е најсиромашна. Од минатото лето повторно се разгоре насилството врз локалното шиитско население, од страна на талибаните и џихадистите од Исламската држава, а владее и локален бунт. Чести цели на нападите се шиитските муслимани и христијаните.

Сепаратистите во Балучистан од 2004 година бараат независност на оваа неразвиена покраина којашто има инаку силен потенцијал за развој. Цел на бутновничките напади се главно припадниците на пакистанската полиција и безбедносните сили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.