10.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Град Скопје ќе го награди Георгиевски со 300.000 денари

На иницијатива на градоначалникот Петре Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски.

Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот, информираат од Град Скопје.

Георгиевски предмалку слета на аеродромот во Скопје каде што беше пречекан од голем број граѓани, а свечениот пречек ќе се одржи во 19:30 часот на плоштадот Македонија.

Дејан Георгиевски по историскиот настап на Олимписките игри, каде што го освои сребрениот медал, стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри, а ова е прв медал за нашава држава по пауза од 21 година.