Град Скопје ќе награди 194 пожарникари со по 10 илјади денари

17

Градот Скопје ќе им додели парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари коишто се дел од трите екипи што со три возила на Противпожарната бригада на Градот, придружувани со три цистерни вода, учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија Македонија.

Паричните награди им се доделуваат заради нивниот вонреден ангажман во гаснењето на пожарите и вон територијата на Град Скопје, односно нивната пожртвуваност да им помогнат на жителите и на сите други учесници во гаснењето на огнената стихија што ги зафати Старо Нагоричане, Кочани и Пехчево, велат од Градот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.