Град Скопје ќе почне присилна наплата на даноците за 2019 година

Град Скопје ги известува граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата (Сл.весник број 61/2004….23/2016),  ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комуналната такса за фирмарина за 2019 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на град Скопје.

Доколку обврзниците не постапат по ваквите решенија, Град Скопје ќе почне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки.

Од градската администрација укажуваат дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски.

Оттаму информираат дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати на следниот линк:  https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml .