Град Скопје инвестира во зачувување на животната средина, вакви проекти во време на СДСМ и Шилегов беа незамисливи

Во буџетот за 2022 година се предвидени рекордни 24 милиони денари за субвенции за граѓаните за клима уреди. Предвидени се и 15 милиони денари за набавка на велосипеди, тротинети и електрични возила на две тркала, соопштуваат од Град Скопје.

„Градот Скопје ќе започне со субвенции кон ЈСП за бесплатен јавен превоз, етапно и по групи на граѓани се предвидува бесплатен јавен превоз.

Во насока на зголемено користење на јавниот превоз и зачувување на животната средина се предвидени и враќање на ноќните линии.

Предвидени се рекордни 41 милион денари за покривање на Усјански канал со што загадувањето во Аеродром и Кисела Вода ќе стане минато.

Вакви инвестиции во времето на СДСМ и Петре Шилегов беа незамисливи. Градот оди напред и се развива, а СДСМ може само да учи како се работи“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.