Град Скопје набавува 33 еко автобуси

Шилегов ќе ги менува кинеските автобуси на дизел со нови еколошки.

Ова денеска беше соопштено од градоначалникот а според најавите автобусите треба да пристигнат во земјава за седум месеци.

Набавката доаѓа од германскиот производител „МАН“ кој треба да произведе 21 нископоден автобус со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со капацитет од 149 патници.

-Новите автобуси нема да бидат загадувачи, туку се енергетски ефикасни. Тие трошат скоро двојно помалку гориво од старите дизел автобуси и токму тоа ќе ги намали и трошоците, но пред се ќе го намалат загадувањето-кажа Шилегов.

Шилегов потенцираше дека кинеските автобуси кои беа набавени пред неколку години постојано се расипуваат а за истите нема можности за нивно сервисирање и техничка поддршка.