10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Град Скопје со соопштение за превенција

Со цел превенција од ширење лажни вести од организации на кои од претходното градско раководство редовно им се доделувале парични средства, а годинава истите во обид да го политизираат изборот, покажаа огромна непрофесионалност прејудицирајќи дека Градот е обврзан да ги финансира дури и кога има проекти кои се од порелевантни организации како Црвениот Крст или со повисок квалитет на понудени активности за поддршка, стои во Фејсбук објавата на град Скопје.

Од таму велат дека градот го поддржува Црвениот крст кој организира летни кампови за деца од социјално загрозени семејства, релевантна организација со сеопфатни проекти кои се спроведуваат со широка поддршка.

– Градот е насочен на проекти што вистински ќе помогнат и ќе донесат промени и истите се бодуваат базирано на повеќе параметри меѓу кои и квалитетот на понудениот проект, се додава во објавата.