Град Скопје злоупотреби благородна мисија на фотото на американскиот сенатор Сандерс

(Photo by Brendan SMIALOWSKI / AFP)

На бламажите на Македонија од страна на СДСМ и нејзините Пи-Ар стручњаци не им се надзира крајот, од претствување на земјата како туристичка дестинација со фотографии од други земји до испраќање на воени претставници во НАТО со проблематични врски со странски разузнавачки служби, а последна во низата е фотошоп интернет злоупотребата со фотографијата на американскиот сенатор Берни Сандерс кој беше еден од канидатите на демократите за претседателски избори во 2020 година и кој тимот на градоначалникот Петре Шилегов го „седна” на клупите во Скопје под Железничката станица, но и на други локации.

Едноставно, Шилегов и сѐ е можно! Ќе си направиш фотошоп и ќе имаш американски сенатор како седи на некоја клупа во Скопје. Таке се фали Шилегов.

А, всушност станува збор за фотографијата на сенаторот Берни Сандерс од инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден која стана интернет сензација и сега маички со виралната слика на Сандерс се продаваат со цел да се соберат средства во една благородна и хумана мисија.

Позата со прекрстени нозе, физичката дистанца, модната комбинација со живописните ракавици, фотографијата што ја направи Брендан Смиаловски за AFP стана „мем“, а неговиот стил на облекување го нарекоа „мрзоволен шик“.

Имено соработниците на Сандерс од кампањата решиле во продажба да пуштат маички со веќе легендарната фотографија на „мрзоволниот Берни“, која инспира многумина а целиот приход од продажбата е наменет за организацијата „Meals on Wheels“ којашто дејствува во матичната држава на сенаторот Вермонт. Таа обезбеднува оброци за лица помлади од 60 години со хронични болести и инвалидитети.

Црна памучна блуза чини 45 долари и се произведува во САД. Но се чини дека стана популарна, како и самиот мем бидејќи поради големата побарувачката е распродадена, се наведува на интернет страницата преку која се нарачува. Потенцијалните купувачи се предупредени дека можеби ќе мора да причекаат и до осум седмици на нејзината испорака, се наведува во прилог на CNN.

Поддржувачките на Сандерс и многу други јавни личности во светот го пофалија неговиот потег на социјалните мрежи. Точно е и дека фотографијата на сенаторот стана вирална, но во ниеден случај не е искористена за промоција на некој производ, конкретна локација или, пак, политичка личност. Но очигледно во Град Скопје, сметаат дека треба да искористат нечија популарност за себепромоција.

Самиот сенатор пред три дена ги коментираше многубројните реакции за неговото учество на инаугурацијата.

„Па јас само седев, настојувајќи да се загреам и да обратам внимание на она што се случува околу мене“, изјави Сандерс за емисијата „Late Night Show“.