Град Скопје: Да се користи и воз за јавен транспорт низ градот

Град Скопје во заедничка соработка со Македонски железници, здружението „Прв до врв“ и граѓанската иницијатива „На точак“, денеска на скопската железничка станица ја прмовира идејата за комбинирање на железничкиот и велосипедскиот сообраќај во иднина. Неколку велосипедисти со своите велосипеди се качија во воз на железничката станива во Лисиче и се возеа до станицата во Ѓорче Петров, и притоа да продолжат да возат по градските улици за ја одблежат европската недела на мобилност 2018.

Денеска, по иницијатива на здруженијата „Прв до врв“ и „На точак“ ја презентираме идејата дека низ Скопје може да се движиме на различни начини. Впрочем, во мојата предизборна кампања ја промовирав идејата во иднина да може да формираме градски воз, а денешниот настан е мала демонстрација на таа можност. Од Лисиче до главната железничка станица во центарот на градот возот стигна за четири минути, а потоа ќе продолжи со своето движење до Ѓорче Петров. Значи, како алтернатива, би можеле во Лисиче да влеземе во воз со велосипед и за четири минути да бидеме во центар и да го продолжиме своето движење со велосипед до саканата дестинација – рече градоначалникот Шилегов.