Град Скопје ги повика лицата со посебни потреби да аплицираат за повластено користење на градскиот превоз

Град Скопје ги повика лицата со посебни потреби преку здруженијата да аплицираат за повластено користење на јавниот градски превози.

„Заинтересираните граѓани, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со телесно оштетување, лица со интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, како и инвалидите на трудот, инвалидски пензионери и воените инвалиди, правото на повластено користење на јавниот градски превоз можат да го остварат преку соодветните здруженија на граѓани организирани на подрачјето на градот Скопје. За остварување на правото на повластено користење на јавниот градски превоз во 2014 година, заинтересираното лице со посебни потреби треба да поднесе барање до здружението на граѓани во кое членува“, велат од Град Скопје.

Здруженијата на граѓани, конечниот список на баратели кои ги исполнуваат условите и за кои предлагаат добивање на легитимации, треба да го достават до Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при Секторот за јавни дејности на Град Скопје, барака бр.2, најдоцна до 16-ти јануари следната година. За дополнителни информации претставниците на здруженијата можат да се јават на телефон 3297 – 321.