Град Скопје: Граѓаните да бидат претпазливи при движењето покрај дрвја и дрворедите

По силниот ветер кој попладнево почна да дува во Скопје и направи вистински хаос, прашина и енормно загадување, се јави Град Скопје.

Поради силниот ветар на повеќе локации во Скопје се евидентирани паднати гранки и делови од дрвја, а на одредени места истите ги имаат блокирано тротоарите и велосипедските патеки. Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија се на терен и ги расчистуваат паднатите гранки. Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и претпазливи при движењето покрај дрвја и дрворедите, повикаа од Градот.