Град Скопје: Нема „сеча на дрвја“ туку кастрење на грмушки и ќе има целосно хортикултурно уредување во близина на ГТЦ

Градот Скопје реагира на невистинитите информации објавени на неколку интернет портали за наводно сечење дрвја во близина на Градскиот трговски центар.

Градот Скопје во реакцијатата ја информира јавноста дека на посоченото место се искастрени неколку грмушки, а не дрвја како што се наведува. Станува збор за грмушки од видот taxus baccata, и дека не станува збор за дрвја јасно се гледа на фотографиите кои беа објавени во некои медиуми.

Стручните служби од Јавното претпратие „Паркови и зеленило“, по извршен увид оцениле дека тие се делумно исушени и треба да бидат отстранети. Во наредниот период екипи на јавното претпријатие ќе пристапат кон целосно хортикултурно уредување на овој простор.

Од Град Скопје истакнуваат дека на споменатата локација никогаш немало дрвја и во овие тенденциозни натписи препознаваат уште еден обид за манипулирање на јавноста.