21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Градежен работник паднал од пет метри височина

Четириесет и петгодишник од Тетово се здобил со тешки повреди откако паднал од мост од височина, од пет метри, инфомираше Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила во четвртокот околу 13,00 чaсот кога било пријавено дека при изведба на градежни работи на мостот на Дреновска клисура Н.М. од Тетово, паднал од мостот и се здобил со тешки телесни повреди.

По укажаната медицинска помош повредениот е задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.