„Гранит“ потпиша три нови договори вредни над 401 милион денари

72

Градежната компанија „Гранит“ потпиша три нови договори и тоа со Министерството за култура и со општините Центар и Демир Капија во вкупна вредност од 401 милион 895 илјади 644 денари, стои во информацијата објавена на Македонска берза.

Првиот договор е потпишан со Министерството за култура на Македонија, кое што се јавува како инвеститор, а предмет на договорот е изведување на преостанатите градежни и градежно- занатски работи на Македонска филхармонија, чија вкупна вредност без данок на додадена вредност е 294 милиони 890 илјади 549 денари, а рокот на изведување е осум месеци.

„Гранит“ со општина Центар потпиша договор за изградба на детската градинка Кочо Рацин, чија вредност е 95 милиони 27 илјади 336 денари, а рокот за изведување е дефиниран на седум месеци.

Последниот договор, како што се наведува во информацијата, е потпишат со општина Демир Капија, единица на локална самоуправа, за реконструкција на локалниот пат М1, кај селото Пржедево, во вредност од 11 милиони 977 илјади и 759 денари, додека рокот на изведување е 60 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.