Градежни активности на бул. „Митрополит Теодисиј Гологанов“

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд (сабота и недела) 03.05.2014 и 04.05.2014 година, во временскиот период од 07 до 17 часот, ќе се изведуваат градежни активности на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со бул. „8-ми Септември“ до крстосницата со ул. „Московска“.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.