19.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Градинката „Лале“ добива нов и модерен изглед, вели Муцунски

Продолжуваме со инвестициите во градинките: Градинката „Лале“ добива модерен изглед! Напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

-Денеска извршив увид во градежните активности на надворешниот дел од објектот „Лале“ кое е дел од градинката „Срничка“. Работите во моментот се однесуваат на надворешниот дел, а со оваа инвестиција е предвидено градинката да добие современ изглед, како и еколошка и енергетско-ефикасна фасада. Свесни сме дека нашата општина се соочува со недостиг на места по градинките, но наскоро и овој проблем ќе биде минато. Покрај градинката во Стар Аеродром која наскоро ќе започне со работа, нови градинки и доградба на постојните ќе има и на неколку други локации низ општината, а капацитетите на неколку градинки ќе бидат надградени и проширени. Исто така, во насока на кратењето на дополнителните трошоци кои ги имаат граѓаните, од 1 март годинава, родителите беа ослободени од трошоците што ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, додека пак од 1 септември ќе бидат целосно укинати и сите трошоци што се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките. Како една од најмладите општини во Македонија, ја потврдуваме заложбата за континуирани инвестиции во воспитно-образовниот процес и најмладите. Продолжуваме да вложуваме во образованието и правиме сè за нашите најмлади! Истакна Муцунски.