Градинките ќе се отворат на почетокот на јуни

25

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

– Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни – рече Филипче во интервју на Телевизија 24.

На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јули.

– Средина на јули се очекува отворање на границите, тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите – посочи Филипче, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.