Градинките од денеска почнуваат со работа

Установите за згрижување и воспитување на децата од денеска почнуваат со работа согласно здравствените протоколи. Сите установи во земјава согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија со Ковид-19, како што посочи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца.

Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца го донесе Комисијата за заразни болести, а со него се овозможува реализација на процесот под посебни мерки за превенција од ширење на коронавирусот.