Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со хуманитарни акции за Илинден

Секој ден е време кога треба пријателски да си подадеме рака и заемно да си помагаме рече градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, кој го избра големиот празник да ја посети куќата на семејството на Зоран од Инџиково, во која живеат осум членови на неговото семејство.

При оваа посета им подари шпорет и пакет со средства за хигиена, а во најскоро време вети дека ќе им ја санира и трошната куќа да им се подобрат условите за живеење.

pomos-trajkovski-640x425-1

„Преку целата година настојуваме, на оние на коишто им е најпотребно, да им помогнеме на различни начини, со прехрамбени пакети, хигиенски пакети, апарати за домаќинството, санација на дел од домовите и друго, во зависност од нивните потреби. Општината ќе продолжи и во иднина да помага во рамките на своите можности, секаде каде ќе има потреба“, рече Трајковски.

Оваа пригода градоначалникот Трајковски ја искористи на сите граѓани на Република Македонија да им го честита 2-ри Август, двата Илиндена – Денот на Илинденското встание и одржувањето на првото заседание на АСНОМ.

Oвој празник, традиционално и семејството Чадиеви во хуманитарна мисија. На ден пред Илинден градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев во посета на семејството Стојанови донираше хуманитарен пакет кој го подготвил со сопругата.

cadiev2-1

„Традиционално со мојата фамилија за секој празник, Нова Година, Божик, Велигден… посетувам по едно семејство од нашиот град, членови на семејство кои не се вработени и се под Центарот за социјална работа и донирам извесни пакети со помош, барем следниот ден кога е празникот луѓето да бидат порелаксирани. Оваа година дојдовме кај господинот Љупче за да ја посетиме и неговата фамилија со оглед на тоа дека се регистрирани во Центарот за социјална работа“, рече Чадиев.