Градоначалникот на Гдањск тешко ранет во напад со нож

Градоначалникот на полскиот пристанишен град Гдањск, Павел Адамович, е нападнат со нож во неделата вечерта на добротворен собир, објави полицијата потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи во кои се наведува дека ноќта тој е подложен на повеќечасовна операција и оти неговата состојба е тешка,.

Претходно полскиот претседател Анджеј Дуда дека лекарите успеале да ја стабилизираат работата на срцето на Адамович. Истакна дека за спасувањето на животот на градоначалникот се ангажирани сите неопходни специјалисти.

Дежурниот лекар во болницата во Гдањск, Јирижи Карпински, за агенцијата PAP ја оценил состојбата на градоначалникот Павел Адамович како „многу сериозна“, и потврдил дека е подвргнат на сложен оперативен зафат.

Нападот се одиграл пред неколку стотина лица на добротворна акција за собирање пари за купување медицинска опрема. Напаѓачот бил приведен од полицијата, а според полицискиот портпарол станува збор за 27=годишен жител на Гдањск.

Видеоснимката на YouTube покажува маж кој скока на подиумот, го грабнува микрофонот и тврди дека претходната влада на левичарската партија Граѓанска платформа го ставила во затвори го мачела. „И затоа Адамович мора да умре“, извикал младиот маж.

На градоначалничката должност 53-годишниот Адамович е од 1998 година, а Граѓанска платформа ги поддржа неговиот реизбор на локалните избори есента 2018 година.

 

https://www.youtube.com/watch?v=Kuqdz7DN8r8