4.8 C
Skopje
недела, декември 1, 2024

Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во Новата 2022 година

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година, кое се роди по природен пат, на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. За родилката Сузана Стошиќ, Михаил е четврто дете.

Арсовска ја посети и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, само една минута подоцна, две минути по полноќ.

На двете родилки и нивните семејства Град Скопје им посакува здравје и среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите на своите деца.