Градоначалник на СДСМ во обид да купува гласови, заврши во полициска станица

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов се обидел да купува гласови за СДСМ, по што луѓето врз кои се обидел да влијае го пријавиле во полиција.

Од МВР за настанот велат дека врз основа на лице кое посочило инволвираност на градоначалникот, тој бил викнат на разговор во полициска станица за случај поврзан со изборен поткуп.
Ангов не е приведен, но според неофицијални информации на порталот Курир, за него било побарано притвор.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.