Градоначалник на Сочи: Ние сме град без хомосексуалци

Градоначалникот на Сочи, домаќин на Зимските олимписки игри, рекол дека во неговиот град нема хомосексуалци.

Анатолиј Пакхамов, градоначалник на Сочи, рекол дека хомосексуалците се добредојдени на Олимписките игри само ако ги почитуваат руските закони и не ги наметнуваат своите навики на другите.

Во Русија минатата година беше усвоен закон за забрана на промоција на „нетрадиционална сексуалност“ на оние кои се помлади од 18 години, а токму тој закон се смета како удар на правата на хомосекуалците.