Градоначалникот Бoгoeв пoзитивeн нa кopoнa? Бил на cпopната жypкa во Аватap

Според информациите на поратлот Инфомакс.мк градоначалникот на Општина Карпош, младиот Стефан Богоев е позитивен на опасниот коронавирус. Тој и целата барака број 1 заминуваат во 14 дневна изолација. Во изолација се и советниците во општина Карпош од редовите на СДСМ, Филип Даскалов и Владо Станивуковиќ.

Изворите на порталот велат дека во саботата Стефан Богоев во друштво на Филип Даскалов и Владо Станивуковиќ заедно биле во Струмица каде ја посетиле фамозната дискотека Аватар која се поврзува со СДСМ и Заеви.

Изминатите неколку месеци струмичката дискотека се најде во центарот на вниманието откако непочитувајќи ги мерките за спречување на ширење на коронавирусот организираше масовни забави со 100-тици посетители, а голем број познати македонски и странски диџеи и пејачи одржа свои настапи и концерти.

Богоев, Даскалов и Станивуковиќ патувале заедно со едно возило и ова е главната причина што администрацијата на оштина Карпош е новиот корона кластер во Скопје.

Ова не е прв случај на корона во Општина Карпош, а не е ниту прв случај на градоначалник на СДСМ  заразен со опасниот вирус.

Непочитувањето на мерките од страна на Стефан Богоев во опасност го стави неговиот, но и животите на сите негови соработници. Дали градоночалникот ќе понесе одговорност по последните случувања останува да видиме.