Градоначалникот Димитриевски го бара извештајот и чека дозвола да се врати на работа

Инспекторката да го достави извештајот од Државниот санитарен инспекторат до Општинскиот штаб итно, бара градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Тој рече дека нема да отстапи и и тврди дека Влдата ја организирала средбата во Куманово на која беа премиерот Оливер Спасовски, министерот Венко Филипче, вицепремиерот Бујар Османи, а по која излезе дека Димитриевски е позитивен на коронавирусот, па владините претставници сега се во изолација.

„Зачудува некоординираноста и меѓусебната неинформираност во Министерството за здравство и органите под нивна надлежност дека членовите на општинскиот штаб се тестирани три дена претходно на барање на епидемиолозите“, вели Димитриевски.

Тој стои на ставот дека никој од членовите не знаел дека е позитивен, иако резултатите во Центарот за јавно здравје биле готови тој ден, ниту пак имало протокол за задолжителна самоизолација по извршено тестирање.

Инаку Димитриевски беше негативен на два теста кои ги правел сам повторно, но сега чека дозвола да се врати на работа.