Градоначалникот на Боговиње му се заканувал на жител на Мала Речица

Градоначалникот на општина Боговиње Албион Џемаили заедно со полицаецот со иницијали К.А. од полициската станица во Камењање му се заканувале на жител на Мала Речица, соопшти МВР.

Од МВР информираат дека е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот во кој како заканувач се јавува полицаец.

Како што е соопштено, вчера во Полициското одделение Камењане, Ј.И.(39) од с.Мала Речица-тетовско пријавил дека неговиот брат И.И. бил повикан во објектот на општината Боговиње каде градоначалникот А.Џ. му упатил закани. Во врска со истиот случај по телефон на И.И. му се јавил и полицискиот службеник К.А. и му упатил закани.

Кои се причините  оради кои градоначалникот и полицаецот му се заканувале на И.И. сѐ уште е непознато, како што е непознато дали против нив ќе бидат преземени законски мерки.