14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Градоначалникот на Гази Баба повторно ги излажа жителите на Раштак

На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска посочи дека во програмата на СДСМ за населеното место Раштак биле предвидени и ветени девет проекти од кои само два биле започнати според информациите кои СДСМ ги пласира до јавноста.

“Градоначалникот откако ја доби функцијата вети дека после само два дена Раштак ќе добие вода, за потоа да видиме дека ниту горната зона на Раштак, ниту пак долната зона имаат вода. Повторно градоначалникот лаже и пласира невистинити информации”, истакна Пешевска.

Пешевска додаде дека е точно дека Светска банка инвестирала пари во водоводната мрежа која била предвидена за Рапштак, но дека таму останале само водоводни цевки без вода, со што проектот останал закочен и непродуктивен за населението во Раштак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.