Градоначалникот на Истанбул се соочува со нова тужба

Подигната е тужба против градоначалникот на турскиот мегалополис Истанбул, Екрем Имамоглу, потенцијален противкандидат на претседателот Реџеп Тајип Ердонаг на претседателските избори оваа година, под обвинение дека наместил тендер додека бил градоначалникот на квартот Бејликдузу, извести во средата телевизијата Haberturk.

Обвинението, доколку биде докажано, носи казна затвор до седум години, се наведува во прилогот на телевизијата додавајќи дека рочиштето е закажано за 15-ти јуни на Основниот кривичен суд во Бујукчекмеџе,

Случајот е отворен по истрагата на Министерството за внатрешни работи, а по дозвола на Државниот совет кој нашол дека е соодветно да даде дозвола за почеток на истрагата во октомври 2020 година. за јавен тендер за конкурс за вработувања кадар во културните центри и услуги од културни и уметнички организации од крајот на декември 2015 година. Компанијата која загубила на тендерот поднела приговор, но тој бил отфрлен од тогашните општински власти.

Адвокатот на Имамоглу доставил писмена изјава до обвинителството во којашто истакнува дека неговиот клиент не бил вклучен во ниту една фаза од гореспоменатиот тендер и не дал никакви упатства или насоки, како и дека немал овластување да ја одобри понудата за работа и трансакции. Самиот Имамоглу изјавил за медиумите дека неговиот потпис не стои на ниеден документ од тендерот.

Имамоглу, инаку, минатиот декември беше осуден на две години и седум месеци затвор и забрането му е занимавање со политика поради навредување јавни функционери во 2019 година. Тогаш ја критикувал одлуката за поништување на првиот круг од локалните избори кога го победи противкандидатот од владејачката Партија на правдата и развојот (AKP). Неговата жалба на оваа пресуда сѐ уште е во процес.

Според некои политички коментатори турските претседателски избори во 2023 година би можеле да зависат дали Републиканската национална партија (CHP), на Имамоглу, и другите опозициски партии ќе направат коалиција против Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (AKP), којашто владее повеќе од 20 години а својот подем го започна токму со победата на Ердоган на изборите за градоначалник на Истанбул во 1994 година. Ердоган таа година беше осуден на затворска казна под обвинување за „поттикнување верска омраза“, по што во 2001 година ја формираше AKP.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.