Наместо 250.000 евра за промена на сијалици колку што реално чини и е предвидено за оваа студија, градоначалникот сака да потроши енормни 2,4 милиони евра. Значи ние, некого ќе го направиме богат на грбот на сите нас, граѓаните на Кисела Вода, истакна во своето излагање советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓеорѓиевски.
Советникот даде и конкретен предлог
„Да набавиме четири ранчиња кои се доволно да ја обслужат целата општина и сијалиците да ги променат оние кои претходните години ги донесоа од штаб, ги насадија на работа и не знаат што да прават со себе, каде се наоѓаат. Ем конечно ќе сработат нешто, ем ќе нѐ чини поевтино“, рече Ѓеорѓиевски.