18.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Градоначалникот на Крушево истепал момче и му се заканил: „Ропак еден цела фамилија ќе ти ја сотрам“?!

ВМРО-ДПМНЕ ОК Крушево вчера преку статус на Фејсбук објави дека градоначалникот на нивниот град Томе Христоски нападнал дете член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Почитувани сограѓани, денес е нападнат млад активист од Унијата на млади. Нападот, кој е и физички и вербален, е од страна на градоначалникот на Крушево. Имено, таткото на градот, неможејќи да ги поднесува вмровците, почна да ги напаѓа јавно, среде чаршија. Нападнатиот Валентино Деспотоски, пазарејќи си в чаршија, наишол на непожелниот човек- Томе. Томе Христоски, навредувајќи го Валентино со зборовите „селанец, ропак, сега си Крушево“, го фатил за врат и му удрил шамар и клоца, заканувајќи му се дека цела фамилија ќе му ја сотри!

Настанот е пријавен во полиција, но довербата во институциите е изгубена. Згрозени сме од овој чин и јавно прашуваме дали градоначалникот на Крушево ќе ги сотрува сите вмровски фамилии? Очекуваме да бидат преземени сите соодветни мерки, стои во нивниот пост на Фејсбук.