Градоначалникот на Лозово детската градинка „Рахилка Гонева” ја именувал во „СРЦКО” по сејмената фирма

Претседател на Општинскиот комитет на  ВМРО-ДПМНЕ од Велес Игор Здравковски открива скандалзона постапка на градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски, кој  досегашното име на детската градинка „Рахилка Гонева” го заменил со „СРЦКО”.

„Името го добива по семејната фирма во ликвидација, Друштво за трговија и услуги „СРЦКО” ДОЕЛ Велес, во сопственост на градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски, чиј управител била неговата сопруга.

Ако средствата за изградба се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и детската градинка не е во негова приватна сопственост, тогаш Велковски со кое право ја именува по сопствената фирма? И кој му дава за право да постави ваква порака и негова метарска слика внатре?!

Само „демократот” Ким Јонг Ун до моментов има поставено свои слики во сите државни објекти! Сега има НАСЛЕДНИК“, пишува Здравковски на Фејсбук.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.