Градоначалникот на Лозово добил ветување од соседот на Атиџе дека нема да и создава проблеми

Градоначалникот на општина Лозово Ацо Велковски на својот фејсбук профил објави дека разговарал со  Хусеин соседот на Атиџе, хероината од „Медена земја“  и добил ветување дека меѓусоседските односи ќе се подобрат.

Атиџе Муратова вчера преку медиумите побара помош бидејќи соседот и правел проблеми на имотот во село Бекирлија.

„За да помогнам како Градоначалник, денес лично разговарав со нејзиниот комшија Хусеин со кој имаат нарушени меѓучовечки односи, кој моментално беше во село Дорфулија со кој разговарав да се надмине нивниот проблем кога се заедно во село Бекирлија. Во разговор со Хусеин најдовме заедничко разбирање си подадовме рака дека заедно ќе ја смириме целата ситуација и за време на викендов заедно ќе одиме кај Атиџе во с.Бекирлија да се помират меѓу себе и да испиеме заедно пријателско кафе и да живеат како добри комшии“, напиша Велковски.

Тој информира дека животот на Атиџе не е загрозен.