Градоначалникот на Лозово во полиција пријавил загрозување на сигурноста

Градоначалникот на општина Лозовом,  Ацо Велковски, во полиција пријавил загрозување на сигурноста во село Каратманово.

Од МВР во понеделникот соопштија дека во саботата околу 17.20 часот во ОВР Свети Николе, градоначалник на општина Лозово пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“ во селото Каратманово, светниколско, од страна на 47-годшниот С.С.од ова село, кој тргнал кон него со метален предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се посочува во информацијата од МВР.